Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20 и 111/23), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГП  БР. 1 СО ОСНОВНА КЛАСА НА НАМЕНА А 4–ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ НА КП 1544/1 ВО КО ТРПЕЈЦА, ОПШТИНА ОХРИД

 

СЕ ОРГАНИЗИРА Јавна анкета и Јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4–времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со техн.број 01/19 од март 2023 год. изработена од Друштво за проектирање и градба СНЕГАР Компани” дооел Охрид.

 Планскиот опфат за ЛУПД за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4 – времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со површина од 122.01 м2, е во рамки на катастарската парцела КП бр. 1544/1 во КО Трпејца, односно граничи со КП 1544/2, КП 1545, КП 1547 и дел од КП 1523 КО Трпејца, Општина Охрид.

  1. Јавната анкета ќе трае од 02.11.2023 -10.11.2023 год.
  2. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 08.11.2023 год. со почеток во 10:00 часот.
  3. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
  4. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
  5. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

 

ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА  ГП  БР. 1 СО ОСНОВНА КЛАСА НА НАМЕНА А 4–ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ НА КП 1544/1 ВО КО ТРПЕЈЦА, ОПШТИНА ОХРИД