НАЗНАЕНИ НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ – ПЕШТАНИ И „КОЧО РАЦИН“
Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените. За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените. Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.
ИРИНА МИЛЕСКА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ЈАСНА РИСТЕСКА“
Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Mилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова која поднесе оставка од функцијата. Градоначалникот Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за добрата соработка, а и посака успех во работата на новоименуваната директорка. Ирина Mилеска доаѓа од редот на вработените во установата и по професија е дефектолог.
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈОТ НА РЕЛИГИОЗНАТА ГРУПА ЛЕВ ТАХОР ВО ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ
На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Општина Охрид се одржа координативен состанок во врска со возмиреноста и негодувањата на локалните жители, поради престојот на еврејската религиозна група Лев Тахор во хотелот „Прага“ во селото Горно Лакочереј. На состанокот присуствуваа претставници на СВР Охрид, претставник од Дебарско кичевската епархија на МПЦ и претставник на жителите од селата Горно и Долно Лакочереј. Градоначалникот Пецаков истакна дека ја разбира загриженоста и стравот на локалните жители кои се резултат на многубројните медиумски написи и шепекулации во јавноста во врска со оваа религиозна група. Тој потенцираше дека сите недлежни инстититуции соодветно постапуваат и непречено ја вршат својата работа, при што е констатирано дека религиозната група престојува само во кругот на сместувачкиот објект и не претставува опасност за околината. Градоначалникот упати апел за смиреност и трпение кај жителите од двете охридски села. На состанокот од страна на претставниците на СВР Охрид беше посочено дека се извршени сите безбедносни контроли на членовите на религиозната група. Тие објаснија дека групата имала договор за престој во хотелот со времетраење од две недели и дека по истекување на договорот ќе го напуштат Охрид. Полициските службеници потенцираа дека во интерес на поголема смиреност кај населението, ќе ги зголемат редовните патроли во двете села и дека ќе бидат постојано во контакт со сопствениците на хотелот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ГРАДСКИ ГРОБИШТА
Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат долг кон ЈП „Градски гробишта“ Охрид, по било кој основ да го подмират истиот. Доколку не го подмират во целост најдоцна до 31.03.2022 година ќе се пристапи кон преземање на соодветни правни дејствија.
НАЗНАЧЕНА НОВА В.Д. ДИРЕКТОРКА НА ОУ “ЖИВКО ЧИНГО”
Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов в.д. директор на Основното училиште “Живко Чинго” Велгошти ја назначи Љубица Ангелоска Кркачоска. Таа доаѓа на местото од досегашната директорка Мирјана Крлеска.
ЈОРДАН ПУРОСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за В Д директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.
МАРЈАН РИСТЕСКИ Е ПОСТАВЕН ЗА В Д ДИРЕКТОР НА ЈП „ВОДОВОД“ ОХРИД
Со одлука на градоначалникот, Кирил Пецаков, за В Д директор на ЈП „Водовод“ Охрид е поставен Марјан Ристески. Ристески е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), кој започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното: За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете тука: ); За дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават договор за закуп или договор за плодоуживање, најдоцна до 28.02.2022 година и За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и Извештај за идентификација на земјишни парцели, најдоцна до 28.02.2022 година. Документите можат да се достават лично на портирницата на Општина Охрид, преку пошта или на e-mail danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт). Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/ [vc_row][vc_column width=”2/3″][vc_btn title=”ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА ИМОТ” color=”pink” i_icon_fontawesome=”fas fa-link” add_icon=”true” link=”url:https%3A%2F%2Fohrid.gov.mk%2F%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25bc%25d1%2583%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b8%2F%231551811792316-44df5b0b-6cff”][/vc_column][vc_column width=”1/3″][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text] [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
РЕШЕНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНЕТОСТА НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ОДНОС НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков по номинациите добиени од Министерството за образование и наука и СОНК, донесе решение за формирање на општинска комисија за утврдување на исполнетоста на условите за трансформација на работниот однос на вработените во образовните институции на подрачјето на општина Охрид. Со ова се надминува застојот во работата на оваа комисија кој беше предизвикан од истекот на нејзиниот мандат. Сега на овој процес ќе му се даде дополнителна динамика. Задоволен наставен кадар со решен работен статус е најдобра гаранција и дополнителен поттик за успешен образовен процес што претставува стартешка цел и определба на Општина Охрид. [vc_row][vc_column][vc_message]РЕШЕНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНЕТОСТА НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ОДНОС НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ .[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ
На денешниот координативен состанок беше констатирано дека подготовките за претстојниот празник Богојавление – Водици се во завршна фаза. Вчера, членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското езеро кај Градското пристаниште, каде што ќе се положи чесниот крст. Од ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот. Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето. По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат. Точно напладне на градскиот плоштад, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција. [vc_row][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19784″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19781″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19782″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19783″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19786″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][vc_column width=”1/2″][vc_single_image image=”19785″ img_size=”full” onclick=”zoom”][/vc_column][/vc_row]
