ИЗБРАНА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА КООРДИНИРА ЦЕНТАР НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД КОЈА ЗГРИЖУВА И ТРЕТИРА ДЕЦА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ
По распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид која згрижува деца со атипичен развој, градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука за избор на „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“. [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА ИЗБОР НА ЗДРУЖЕНИЕ[/vc_message][/vc_column][/vc_row]
КОАЛИЦИЈА „СЕГА“ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ОХРИД
По завршување на распишаниот оглас за избор на младинска која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид. Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид. Дополнително со договорот ќе биде предвидена и годишната програма за работа на Младинскиот центар за 2022 година. [vc_row][vc_column][vc_message]МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text] [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – ОХРИД
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 15/20), а во врска со член 22 од Законот за младинско учество и младински политики (Сл. Весник на РМ 10/20), Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри бр. 12-923/1 од 07.04.2021 година, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт како и Одлуката бр.08-7251/10 од 22.07.2021 година за отстапување на времено користење простор и спроведување на постапка за формирање на Младински центар – Охрид, како и Одлука за изменување и дополнување на за отстапување на времено користење простор и спроведување на постапка за формирање на Младински центар – Охрид бр.08-1172814 од 24.11.2021 година донесена од страна на Советот на општина Охрид, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message]ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]П Р И Ј А В А ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ОХРИД [/vc_message][/vc_column][/vc_row]
ТРАНСПАРЕНТНА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Правилна распределба на буџетските средства, особено од општинскиот буџет, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации беше тема на разговор на работната средба на која присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, Билјана Георгиеска од УНДП и претставници од надлежните служби на Општина Охрид. Заеднички беше заклучено дека проектот “Регионална програма за локална демократија на Западниот Балкан“ (ReLOaD2) на УНДП кој почнува да го применува Општина Охрид е повеќе од неопходен затоа што соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Градоначалникот Пецаков беше информиран дека изработената ЛОД методологијата овозможува транспарентна распределба на средствата на граѓанските организации и јакнење на взаемната доверба, а истовремено и максимална искористеност на средствата кои се распределени на граѓанското општество, преку постигнување на развојните цели за општините. На средбата стана збор и за јавниот и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се оценуваат од страна на комисија и на крајот се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население. По средбата со градоначалникот Пецаков во големата сала на Општина Охрид се одржа јавна дебата на која претставници од локалната власт и УНДП заедно со претставници од граѓанските организации дискутираа за предлог приоритетните области во кои вреди да се финансираат буџетски средства и тоа: Младински активизам и партиципација; Родова еднаквост, економска и социјална инклузија и туризам, заштита на животната средина и култура. Методолошкиот пристап за транспарентна распределба на средствата има за цел да се комбинираат препораките на ЕУ за управување со проектен циклус (УПЦ) и да се обезбедат инструменти за ефикасно трошење на јавните средства.
ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“ ОДБЕЛЕЖА 33 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО
Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ денеска со традиционален собир и со пригодна свеченост одбележа 33 години од постоењето и делувањето во општините Охрид и Дебрца. Свое обраќање пред присутните на настанот имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој упати честитки за сите досегашни остварувања на здружението, со желби за уште поголеми успеси во иднина. -Локалната самоуправа во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет реализира проекти и обезбедува подобри услови за лицата со телесен инвалидитет и лицата со посебни потреби во општината. Заради креирање на соодветни мерки за поддршка од исклучителна важност е соработката со граѓанските здруженија, кои работат на остварување на правата и интересите на оваа категорија граѓани. Едно од тие здруженија е здружението „Мобилност“ кое веќе 33 години се бори за решавање на сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет, за нивната економска, социјална, здравствена и правна заштита. Ваквите настани, како денешниот традиционален собир се една голема можност за воспоставување на подобра соработка, за презентација на позитивните практики и за посочување на проблеми, кои во иднина ќе можеме да ги решаваме заедно. Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за подобрување на условите за лицата со телесен инвалидитет и да обезбеди поголема социјална правда и сигурност за нив и нивните семејства. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со телесен инвалидитет и лицата со попреченост, како и за нивна целосна инклузија во општеството, истакна Китески во своето обраќање.
ВИКЕНД АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПЛАЖАТА „ЛАБИНО“
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ заедно со жителите на стар град и членови од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „ 5 до 12“ од Охрид викендов работеа на расчистување на плажата Лабино од разновиден отпад. Во акцијата се отстрануваа трње, коров, бршлен и останати ниско стеблести растенија. Се средуваа и крошните од дрвјата. Отпадот со чамци се транспортира до река “Грашница „ од каде се подига од службите на ЈП „Охридски Комуналец“. Плажата „Лабино„ најмногу е посетувана од локалните жители од стариот дел на градот и во изминативе години беше една од ретките слободни плажи на охридската ривиера. Акцијата за чистење на оваа плажа е дел од Младинското еко лето и е поддржана од невладината организација „Civika Mobilitas“. [vc_row][vc_column][vc_gallery type=”image_grid” images=”16563,16576,16575,16574,16573,16572,16571,16570,16569,16568,16567,16565,16564″][/vc_column][/vc_row]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА ОХРИД
Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 18,26 и 74 од Статутот на Општина Охрид, Претседателот на Совет на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА ОХРИД 1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет и конституирање на Локално младинско собрание. Со формирањето на Локалниот младински совет се споделуваат обврските помеѓу општината и младинските активисти на начин што се гради партнерски однос помеѓу нив со цел подобрување на условите за живот на младите луѓе на територијата на општина Охрид. Согласно законската регулатива, Општина Охрид како единица на локалната самоуправа, води активна политика на обезбедување услови и превземање системски активности за поддршка на младите и следење на нивните потреби. Општина Охрид со статут предвидува формирање на локален младински совет. Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокругот на младински прашања и политики. Претставниците на локалниот младински совет имаат право да: Предлагаат точки на дневниот ред на Советот на општината кои ги засегаат младите; Иницираат прашања за млади од делокругот на работа на општината; Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики; Доставуваат информации до општина Охрид за прашања кои се однесуваат на младите; и Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики; За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади. Иницијативниот одбор со решение го формира Претседателот на Советот на општина Охрид. Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа: по еден член од подмладоците на првите две политички партии застапени со најмногу советници во Советот на Општина Охрид и три члена од локалните младински организации. Членовите од локалните младински организации се избираат по претходно објавен јавен оглас од страна на претседателот на Советот на општина Охрид. Иницијативниот одбор се формира само за оддржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади. Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организации. Иницијативниот одбор го распишува повикот за конститутивното локално собрание на млади во кој јасно е наведен датумот, местото и часот на оддржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади; 2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК На Јавниот повик право на учество имаат претставници на: младински организации, организации на млади, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Охрид. Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор: Да се жители на општина Охрид Да бидат на возраст од 15-29 години; Да се креативни и поседуваат искуство во областа: работа со млади и младински организации; 3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.com Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи: Мотивационо писмо Кратка биографија CV (во која задолжително ќе бидат наведени активностите во областа: работа со млади и младински организации); Писмени предлози од предлагачите (доколку ги има) Нема да бидат разгледувани пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Јавниот повик трае 5 дена од денот на објавувањето. 4. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Претседателот на Совет на Општина Охрид. Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk). Техничката обработка на апликациите ќе ја изврши Одделението за млади и невладини организации на општина Охрид; 5. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: РЕШЕНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
