Ohrid.gov.mk

ОХРИД СЕ ПРИКЛУЧИ НА ХУМАНИТАРНО-ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „СЕКОЕ КАПАЧЕ Е ВРЕДНО“

Платформата „Активирај Се Навреме“ со поддршка на Општина Охрид започна со реализација на хуманитарно-еколошкиот проект „Секое капаче е вредно“, преку кој се поставени две специјални конструкции за собирање пластични капачиња во Охрид. Конструкциите се поставени на плоштадот кај музичкото училиште и на градскиот плоштад во Охрид, на почетокот на чаршијата. Главна цел на проектот е поттикнување на граѓаните да собираат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат преземени за рециклирање преку што директно ќе се помогне во делот на зачувување на животната средина. Проектот има хуманитарен карактер, а средствата кои ќе бидат собрани од откупот на рециклираните капачиња во Охрид ќе се донираат за опремување на новиот Дневниот центар за децата со церебрална парализа, чие отварање е поддржано од Општина Охрид. Како дел од проектот, специјални конструкции за собирање на капачиња се поставени и во Скопје, Тетово и Битола. Платформата „Активирај Се Навреме“ https://aktivirajsenavreme.mk/   е основана од компанијата Credissimo и е насочена кон остварување на општествено одговорни кампањи од социјален, хуманитарен и еколошки карактер.          

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: “МЕРКИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЖЕНСКИ БИЗНИСИ ПО КОВИД – 19“

Синоќа во Охрид се одржа завршната конференција на проектот: “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид -19“, кој го спроведува Центарот за управување со промени. Проектот е поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID, а е под покровителство на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Пендаровски. Проектот е насочен кон развој на женското претприемништво, нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми за олеснување на економските последици кои произлегоа од кризата со Ковид-19.  На конференцијата се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика истакна: – Ми претставува особена чест и задоволство, во името на градот Охрид и во свое име, да ви посакам пријатно добредојде во духовната престолнина на Македонија и успешна работа на вашата завршна конференција од проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“. Дозволете ми овде да посочам на одредени активности и документи кои како локална самоуправа ги имаме завршено или се во тек, а кои се однесуваат на учеството на жените во општествениот живот на заедницата. Ние како локална самоуправа ја имаме Стратегијата за родова еднаквост, а во процес на изработка е и Стратегијата за развој на женско претприемништво за Југозападниот регион, која се изготвува по теркот на Националната платформа за женско претприемништво. Овие документи и искрената заложба на локалната самоуправа за вистинска рамноправност меѓу жените и мажите, за нас немаат алтернатива во заедничкото градење на нашата заедница и иднина. Верувам дека со завршните активности , а посебно со базарот на женската иновативност и  вештини, во полн сјај ќе блесне вашата умешност и знаење – подвлече во своето излагање Пецаков. Во рамките на завршните активности, синоќа на плоштадот “Св. Климент Охридски“ се одржа базар на жените занаетчии, на кој беа презентирани рачни ракотворби, инспирирани од македонското културно наследство од повеќе региони во Македонија.          

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПОВИК ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ЗА ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН

Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа презентација на вториот повик за социјални услуги за југозпадниот регион. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков. – Одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните  може да се реализираат со размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги,  но неопходна е и соработка  помеѓу централната и локалната  власт , но и граѓанскиот  сектор  во унапредување  на квалитетот на животот на граѓаните Развојот на локалните социјални услуги е модел кој ги обединува сите чинители на локално ниво да се вклучат во градењето на заедницата. Затоа, локалните самоуправи како први меѓу еднаквите на подрачјето на кое делуваат заедно со своите партнери од граѓанските организации се исправени пред обврската да обезбедат социјални услуги за своите граѓани. Социјалните услуги  играат клучна улога  во јакнење на отпорноста кај поединците, семејствата и заедниците , како и при поддршка  на човековиот и економскиот развој во земјата. Секој поединец или семејство заслужуваат шанса  за подобри услови за живот во заедницата. Затоа како Локална власт постојано работиме на унапредување на социјалните услуги и активности. Отворена е сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“. Го поддржуваме  првиот регионален  саем на социјални претпријатија од југозападниот регион.  Општина Охрид додели стипендии на редовни ученици, студенти, магистранти и докторанти на лица со ретки болести и посебни потреби. Објавивме повик  за финансиска поддршка  за центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој. Поддршката е наменета за деца  кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Објавен и спроведен е јавен повик  за прибирање проектни идеи  на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Тековен е проектот што општината го работи заедно со УНДП преку кој се ангажирани 9 образовни асистенти во рамки на средните училишта. И понатака ќе работиме на унапредување на социјалната политика на општина Охрид, за чија успешност е неопходна соработка со централната власт и граѓанскиот сектор – истакна во своето обраќање Пецаков. На презентацијата беше претставен Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како еден од инструментите на поддршка во успешното реализирање на сеопфатна социјална реформа, која има за цел зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подгнување на квалитетот на животот во земјата. Носител на проектот е Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.            

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: ДИГИТАЛНО ЦИВИЛНО ОПШТЕСТВО

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, се одржа Интернационална Конференција на тема „Дигитално Граѓанско Општество“. На конференцијата се обрати Ана Крстеска, советник во општина Охрид. Таа ги поздрави учесниците на конференцијата од име на општината Охрид која што е партнер на проектот SINet – Social Innovation Network во рамки на програмата Европа за граѓаните. Крстеска истакна дека живееме во дигитална ера, во која во една секунда се испраќаат милион мејлови, а се случуваат и илјадници пребраувања на интернет. Токму затоа потребни ни се структурални прилагодувања на инвестициите во образованието и науката, како и важноста да ја вклучиме нашата земја во регионални едукативни, научни и истражувачки проекти. На конференцијата учество и презентации имаа 17 експерти на теми: дигитализација, виртуелна реалност, креативност во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации, апликации, софтверски решенија и електронски продавници. Ескпертите доаѓаат од Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија, меѓу кои, универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи и претставници од непрофитни организации. Дополнително беше презентирано и истражувањето и прирачникот за Дигитални алатки кој беше креиран во рамки на проектот. Конференцијата е организирана од организацијата Порака Нова (од Струга) во соработка со Општина Охрид, во рамките на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од програмата (Европа за граѓаните) Europe for Citizens. Повеќе за овој проект ТУКА…          

ОПШТИНА ОХРИД ДЕЛ ОД „ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ“

Денеска во Општина Охрид се одржа првиот состанок во рамки на активностите на „Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој е имплементиран од страна на УСАИД. На состанокот присуствуваше секретарот на општина Охрид, Александар Китески, претставникот на УСАИД, Кристина Хаџи-Василева и претставници на дел од секторите во Локалната самоуправа. Беше разговарано за управувањето со општинските јавни финансии, за начинот на планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност, за прибирање на приходи од сопствени извори, за пристап до надворешно финанисрање, како и за соработката со приватниот сектор. Целта на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ е зголемување на сопствените извори на приходи и поголема искористеност на надворешните извори на финансирање на општините, како и зголемување на стапката на реализација на буџетот во согласност со условите на централните власти во однос на буџетирањето и поднесувањето извештаи. Проектот е во насока на децентрализација на финансирањето и јакнење на општинските надлежности. Тоа вклучува унапредување на квалитетот на даночниот систем, јакнење на оперативните капацитети за администрирање на локалните даноци и такси, како и подобрување на способноста на локалната самоуправа да планира, управува и реализира јавни приходи.    

ЛОКАЛЕН ФОРУМ „УЛОГАТА НА ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ“

Во рамки на проектот „Национална платформата за женско претприемништво“ денеска во Охрид се одржа локален форум на тема ,,Улогата на жените претприемачи во развојот на туризмот”. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Милена Грозданоска. -Со своите уникатни природни и културни богатства, од година во година, Охрид прераснува во една исклучително атрактивна туристичка дестинација, која се почесто се наоѓа на препорачаните светски листи за нови и неоткриени туристички локалитети. Во согласност со светските туристички текови потребно е поголемо и посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на туризам и креирање на алтернативна понуда за туристите. На ова поле особен придонес би можеле да дадат жените преприемачи, преку развој на креативни бизнис концепти и туристички услуги. За разлика од минатото, влијанието на жените во сите сфери на општественото живеење континуирано расте, а жените се повеќе се мотивираат да преземат иницијатива и сопствените идеи да ги претворат во реалност. Верувам дека националната платформа за преприемништво ќе обезбеди креирање на мерки и политики на национално, регионално и локално ниво, со кои ќе се овозможи стимулирање и јакнење на женското претприемништво. Се надевам дека на денешниот настан ќе бидат споделени успешни претприемачки приказни и ќе произлезат низа предлози за поттикнување на нови бизниси на полето на туризмот кои ќе бидат започнати и водени од жени, истакна во своето обраќање Грозданоска. Проектот „Национална платформа за женско претприемништво“ е кофинансиран од Европската Унија, а се имплементира од Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.            

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „КОНРАД – АДЕНАУЕР“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со  официјалниот претставник на германската    фондација „Конрад- Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија,  Давор Пашоски. Целта на средбата беше    запознавање на германската делегација  со тековните и планирани проекти на  локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува. Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и солидарност со цел градење на уште поубав и поразвиен град.          

ПРИВРШУВА РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА RELOAD2

Општина Охрид ги потсетува сите заинтересирани Граѓански организации дека во петок (04.03.2022) истекува рокот за доставување апликации за Јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува програмата за развој на Обединети нации (УНДП). Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки. Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.   ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)          

ОБУКА ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во големата сала на Општина Охрид беше спроведена обука со граѓанските организации за подготовка на предлог проекти, по претходно објавениот повик од страна на Општина Охрид. Проектот е  во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RЕLOAD2), од програмата за развој на обединетите нации (УНДП). На обуката граѓанските организации кои се потенцијални подносители на проекти, од страна на консултант беа детално запознаени со начинот на подготовка, пријавување и потребните критериуми. На обуката беа дискутирани идентификуваните недоследности и недостатоци во претходните апликации. Дополнително, во следниот период ќе се организираат и менторски сесии, преку кои ќе им се помогне на Граѓанските организации во проверката на проектите кои ги подготвуваат, согласно насоките на објавениот Јавен повик. На истите сесии ќе бидат дообјаснети работи кои можеби беа пропуштени при одржувањето на обуките, а се од клучна важност за правилно изготвување на проектот. Менторските сесии ќе бидат водени од стручен консултант ангажиран од УНДП, а истите ќе се одржат на 18, 26, 28 февруари и на 2 март. Јавниот повик за граѓанските организации за поднесување предлог проекти трае до 04.03.2022 година, а повеќе информации за истиот може да најдете тука:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (RELOAD2)                     

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

  ОПШТИНА ОХРИД ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)   Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки. Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид. Општина Охрид и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области:   1. Младински активизам и партиципација 1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенциј а и спречување со сите видови на насилство. 1.2 Активности за поддршка на младите во рурални средини 1.3 Поддршка на младите, младинската партиципација и младинскиот активизам. 1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.   2. Родова еднаквост, економска и социјална инклузија 2.1 Активности за зголемување на веш тините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба. 2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделското производство, како и активности и едукација за одгледување на органско производство. 2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливи категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот. 2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на жртви од семејно насилство.   3. Туризам, заштита на животната средина и култура 3.1 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно- историското наследство на Општина Охрид. 3.2 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите од руралните средини. 3.3 Проекти за подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство и биодиверзитетот. 3.4 Заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест.   Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД. На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024).  Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.    ПОДОБНОСТ: Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).   ДОКУМЕНТАЦИЈА: Јавниот повик ќе трае од 04.02.2022 (од 9:00 часот) до 04.03.2022 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Охрид може да се обезбеди преку испраќање на барање на следната адреса: „Димитар Влахов“ 57, 6000 Охрид  и/или на е-меил: pavel.kotaleski@ohrid.gov.mk на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Охрид, улица: „Димитар Влахов“, 57. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.ohrid.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org). Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Охрид на ден 07.02.2022 година, со почеток во 10:00ч во големата сала на Општина Охрид. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 07.02. (10:00ч)  и 08.02.2022 (09:00 ч) во големата сала на Општина Охрид. Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 25.02.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.   ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ: Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса: Општина Охрид „Димитар Влахов“, 57 Поштенски број:6000,Охрид Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.ohrid.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.    [vc_row][vc_column][vc_message]АНЕКС 1 – ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 2 – ПРЕГЛЕД НА БУЏЕТОТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 3 – ЛОГИЧКА РАМКА[/vc_message][vc_message]АНЕКС 4 – ПЛАН НА АКТИВНОСТИ И ВИДЛИВОСТ/ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 5 – ФОРМУЛАР СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 6 – ФОРМУЛАР СО ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 7 – ИЗЈАВА ЗА ПОДОБНОСТ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 8 – ИЗЈАВА ЗА ДВОЈНО ФИНАНСИРАЊЕ[/vc_message][vc_message]АНЕКС 9 – Листа за проверка[/vc_message][vc_message]АНЕКС 10 – Насоки за подносители на апликации [/vc_message][vc_message]АНЕКС