ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И КРАЈБРЕЖЈЕ
Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на денешната акција за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од акцијата „Чисто како дома исто“. Градоначалникот, Константин Георгиевски кој даде директна поддршка и заедно со нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад , непосредно пред почетокот на акцијата во изјава за медиумите рече: – Во оваа прилика дозволете да ја упатам мојата благодарност до организаторите и до сите учесници на денешната акција за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје затоа што преку неа се потврдуваат стратешки определби на локалната власт за чист Охрид кој не случајно заедно со езерото е под заштита на УНЕСКО како светско културно богатство и природна реткост. Управувањето со отпад е еден од најозбилните проблеми со кои се соочува денешниот Свет, а кои се однесуваат на зачувување на чистата животна средина. Ваквите акции се чекор напред во напорите Управувањето со отпад во нашата земја да се прилагоди на барањата на Европската Унија со цел да се воспостави систем на интегрално управување со отпад. Станува збор за комплициран проблем кој бара добри организациски капацитети и соработка помеѓу бројни страни во приватниот и јавен сектор. Се надевам дека ваквите активности со кои во голема мера допринесуваме во заштита на животната средина ќе бидат пракса и во иднина затоа што само така ќе обезбедиме поздрава иднина за сите нас- посочи Георгиевски. Евро амбасадорот Самуел Жбогар и Даниела Нелепа од Македонската Асоцијација за цврст отпад, укажаа на суштината на денешната акција за чистење на езерото и крајбрежјето и за слични активности кои се алка во низата која ќе не поврзе со европското семејство. Настанот е во организација на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА), поддржана од Делегацијата на ЕУ во земјава,Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“и колективниот постапувач „Нула Отпад ДОО- Скопје. Во чистењето на Охридското езеро учествуваа нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид. Вечерва во црквата Св. Софија во Охрид свечено ќе биде отворена конференцијата „Комуникација за управување со отпад“. На работниот дел што утре ќе се одржува во Струга учество ќе земат претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании. На конференцијата ќе стане збор за унапредување на управувањето со отпадот во Македонија, можностите за имплементација на светските искуства во регионот и успешно реализираните мали грантови.[vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”8573,8574,8576,8577″ img_size=”large”][/vc_column][/vc_row]
ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН
Има виден напредок во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегијата за влијанието врз животната средина- ова беше оценето на денешната работна средба на изработувачите на Планот, членовите на комисиите и претставници на надлежните институции, на која учествуваа градоначалникот Константин Георгиески и Министерот без ресор Едмонд Адеми. Активностите за донесување на овој докмент кој е дел од препораките на Комитетот на УНЕСКО, се одвиваат според утврдениот план и како што беше оценето на средбата, тој ќе биде готов до крајот на оваа година. На средбата беше изразен оптимизам дека и покрај кусите рокови, Владата на Република Северна Македонија до 1 февруари ќе ги заврши сите планирани активности и ќе го испрати извештајот до Комитетот за заштита на светското наследство на УНЕСКО. Беше потенцирано дека ќе се реализираат и визиите и целите на Планот кои се однесуваат на контролираната урбанизација, зајакнувањето на капацитетот на надлежните институции, заштитата на природното и културното наследство, одржливиот економски развој, подигнувањето на јавната свест и зголемената еколошка функционалност на Охрискиот регион.
ПРЕЗЕНТИРАНА МОЖНОСТА ОПШТИНА ОХРИД ДА ГO ИМПЛЕМЕНТИРА ГИС СИСТЕМОТ
Во мала сала, денес, компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации. Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности.
ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ
Денес се одржа втората работилница од Проектот за одржлива урбана мобилност, што Општина Охрид го спроведува во соработка со ЗЕЛС и Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ). Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески оцени дека носењето еден ваков план ќе придонесе за современо, урбано живеење и уредување на сообраќајот во градот. Тој укажа на фактот што Охрид како и многу други градови се соочува со предизвиците што ги наметнува современиот начин на живеење, карактеризиран со висок интензитет на сообраќај особено во периодите на туристичката сезона кога во Охрид има енормно зголем број луѓе и возила. – Во туристичката сезона во Охрид во одредени денови има повеќе од сто илјади луѓе, а во текот на годината има 30 до 40 илјади луѓе, така што, тоа е предизвик и проблем што треба да го решаваме, а носењето план за урбана мобилност на Охрид ќе придонесе за негово решавање. Во Охрид се јавува и недостаток на паркинг-места, но и повеќе зелени површини. Сето тоа влијае како на безбедноста, но и врз економскиот развој на градот и здравствениот аспект на граѓаните. Со изработка на Планот за урбана мобилност се добива основа за унапредување на постојната состојба во сообраќајот и подобри услови за живот во самиот град. Ние како Општина ја препознавме урбаната мобилност како еден од битните елементи за натамошнот развој на градот и оттаму со реализација на овој план се надевам дека ќе ги постигнеме зацртаните цели а тоа е развој по мерка на граѓаните, тој развој да биде одржлив, ефикасен, безбеден и достапен сообраќај за сите, намалување на незгодите и намалување на негативното влијание на сообраќајот врз животната средина, рече градоначалникот Георгиески. Во насока на вклучување на граѓаните во планирањето, Општина Охрид спроведе и анкета како појдовна точка за запознавање со процесот. Притоа детектирани се одредени критични точки, посочени се најголемите проблеми, а добиени се и сугестии по одредени прашања. Јасмина Буневска, професор на Техничкиот факултет во Битола која е дел од проектот појасни дека се работи за премин од традиционално планирање што во фокусот ги има само автомобилите, кон пристап на т.н. „паметно“ планирање што ќе ги има предвид сите субјекти вклучени во сообраќајот. Според неа, планот претставува и алатка на локалната самоуправа за пристап кон европските фондови, а истовремено ќе значи и хармонизација со европските конвенции и правила.
ГОЛЕМ ОДЗИВ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА АНКЕТАТА „ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО“
Граѓаните зедоа активно учество во пополнување на анкетата „Да планираме заедно“ која oпштина Охрид ја спроведува, со цел да ги земе во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, во рамки на изработката на Планот за одржлива урбана мобилност -ПОУМ. Денес претпладне, беше поставен штанд за пополнување на анкетата пред зградата на општина Охрид, а со цел да се опфатат поголем број заинтересирани граѓани, попладнево од 18.00 до 20.00 часот ќе биде поставен и штанд на Плоштадот кај Чинарот. Голема заинтересираност има и за електронското пополнување на Анкетниот прашалник кој е поставен на општинската веб страница. Планот за одржлива урбана мобилност –ПОУМ се изработува со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост. [vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”8423,8422,8424,8426″ img_size=”large”][/vc_column][/vc_row]
ОПШТИНА ОХРИД ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКАТА НА ПЛАНОТ ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ – ПОУМ
Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост. Во таа насока општина Охрид организира анкета која има за цел да го слушне предлогот на граѓаните. Локалната самоуправа, во соработка со граѓаните сака да ја изработи визијата на планот за одржлива урбана мобилност. ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО ГРАД ВО КАКОВ ШТО САКАМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ! АНКЕТА – ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!
ПРИВРШУВААТ РАБОТИТЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“
Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза. Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м2, се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизит. Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со општина Охрид, по што после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие спортска сала по стандарди. Во рамки на проектот се врши замена на дотраената покривна конструкција и замена на старата дограма. Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период.[vc_row][vc_column][vc_gallery interval=”3″ images=”8382,8387,8385,8384,8386″ img_size=”large”][/vc_column][/vc_row]
СО ПОДДРШКА НА УСАИД ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ЕНТЕРИЕРОТ ВО ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ВО ЛЕСКОЕЦ
Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Ова беше заклучено на работниот состанок што денес го оствари градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец , Елена ел Нади. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД. Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година. По одобрувањето на проектот на 24.04.2019 година беше одржана „Работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата“ по што следеше и увид во ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец од страна на тимот на УСАИД.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ ВО ОПШТИНА ОХРИД
Сите фази на подготовка, аплицирање и спроведување на европски проекти, како и детали за повиците за финансирање од актуелниот програмски период, на кои можат да аплицираат субјекти од нашата земја, беа објаснети во рамки на Презентацијата на европски фондови и програми, која се одржа денеска во Општина Охрид. Презентацијата ја водеше Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на мал бизнис (ESBA) од Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”. Тој во своето излагање пред присутните, особено се осврна на деталите за Програмата ИПАРД II за периодот 2014 – 2020 – Мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси”, чиј што повик за аплицирање ќе треба да биде објавен наскоро. На презентацијата која беше организирана на иницијатива на Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, зедоа учество претставници на бизнис секторот и граѓански здруженија од Охридскиот регион.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ
Во петок на 21.06.2019 година со почеток во 14:00 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на европски фондови и програми. Посебен акцент во рамки на презентацијата ќе биде ставен на Програмата ИПАРД II за периодот 2014 – 2020 – Мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси” – Како да подготвите успешен проект – основни правила и упатства. Презентер ќе биде Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на мал бизнис (ESBA) од Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”. Организаторите на презентацијата упатуваат покана до сите државни институции, граѓански здруженија, културни и спортски организации, земјоделци и претставници на бизнис секторот, да земат учество на овој настан.
