Во мала сала, денес, компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации.

Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности.