МАТИЈАС ДИЈАС ХЕРНАНДЕС ПОБЕДНИК НА 35. ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон што се одржа денеска на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште. Во конкуренција на седуммина пливачи и една девојка второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев. Златниот медал и паричната награда на Хернандез во името на градоначалникот Кирил Пецаков му ги врачи охридскиот пливачки херој Марко Пејчиноски. Сребрениот медал го додели претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски, а бронзата претседателот на организацискиот одбор на маратонот Ристе Јанкоски. Општина Охрид во корелација со Пливачката федерација на Македонија, оваа година во целост го организира Охридскиот пливачки маратон и за таа цел одвои 2 милиони денари, додека Агенцијата за млади и спорт го обезбеди наградниот фонд од 10 илјади долари.
ПРЕТСТАВЕНИ УЧЕСНИЦИТЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
На пригодна свеченост синоќа, пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35то издание на Охридскиот пливачки маратон. Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓаАрне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија. – На прагот сме на еден исклучитено богат викенд со спорстки и културнинастани, во чиј центар несомнено е најзначајната спортска манифестација– Охридскиот пливачки маратон. Настан кој годинава одбележува 60годишен јубилеј,манифестација која Охрид го стави на светската пливачкамапа, како една од најпрестижните и најпосакуваните дестинации запливачките витези, рече во своето обраќање пред пристуните градоначалникот Кирил Пецаков и додаде, Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотиите со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота. Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. За таа цел Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи. Во рамки вечерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.
ОПШТИНА ОХРИД ПОКРОВИТЕЛ НА ТУРНИРОТ ВО ФУДБАЛ ЗА ДЕЦА ОД ОХРИДСКИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ
Денес во просториите на Општина Охрид се одржа координативен состанок поврзан со Фудбалскиот турнир за деца. Турнирот ќе се одржи на први и втори октомври, а учество ќе земат деца кои активно тренираат во охридските фудбалски клубови. Покровител на фудбалскиот турнир е Општина Охрид.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МЛАДИОТ ПЛИВАЧКИ ХЕРОЈ МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој изминатиот викенд исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид. Градоначалникот Пецаков истакна дека е фасциниран од храброста и посветеност на овој исклучителен млад охриѓанец и дека не постојат доволни силни зборови со кои може да се упати најсоодветна честитка за неговите легендарни подвизи во пливањето, на кои се горди сите охриѓани. Градоначалникот најави дека како и до сега Општина Охрид ќе даде поддршка на младиот Марко со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример за неговите врсници и идол за идните генерации. На средбата градоначалникот и Марко разговараа за условите за развој на индивидуалното пливање и водените спортови во Охрид при што беше потенцирано дека е потребно што поскоро да се создадат услови за тренинзи во затворен простор, што е од особена важност во зимските месеци. Марко Пејчиноски има 16 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Со последниот пливачки подвиг, Марко ги заврши најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што е своевиден рекорд, кој до сега не го постигнал ниту еден пливач.
ОБЕЗБЕДЕНИ 2.000.000 ДЕНАРИ ЗА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
На денешната 15-та седница на Советот на Општина Охрид се обезбедија потребните 2.000.000 денари кои ќе бидат наменети за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Советниците со мнозинство гласови ги усвоија Предлог Програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година и Предлог Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2022 година. Согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги започна кординативните активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација. Веќе е формиран е организационен одбор кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на потребната логистика. За сите детали околу целокупната организација на маратонот, јавноста ќе биде тековно информирана.
ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Координативен состанок во врска со организирањето на Охридскиот пливачки маратон, денеска, се одржа во просториите на Општина Охрид. На состанокот учествуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, претставници на Локалната самоуправа, претставници на охридските пливачки клубови и претставници од пливачката федерација на Македонија. На состанокот се разговараше околу прецизирање, распределба на обврските и за формирање на организационен одбор со цел успешна организација на Охридскиот пливачки маратон. За координатор на активностите е поставен Ристе Јанкоски. Градоначалникот Кирил Пецаков, ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот и ја потенцираше силната поддршка што Локалната самоуправа ја дава за успешно издание на Охридскиот пливачки маратон.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ИМ ПОСАКА УСПЕШНА СЕЗОНА НА ОХРИДСКИТЕ РАКОМЕТАРИ
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со играчите, стручниот штаб и управата на Ракометниот клуб Охрид. На средбата градоначачникот Пецаков им посака успех во претстојната сезона, со желба да продолжат да бидат една убава слика на градот. Претседателот на клубот изрзи благодарност за поддршката што Општина Охрид ја на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на градоначалникот со неговот име. На крајот од средбата сите заедно посакаа повторно да се сретнат во овој состав за да прослават успех во натпреварувачката сезона.
АТЛЕТСКА ОПРЕМА ДОБИЈА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОХРИД
Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“, денеска, донира атлетска опрема за сите основни училишта во градот. Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште. Атлетските реквизити ќе бидат наменети за најмалите ученици и ќе се од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.
ОПШТИНА ОХРИД ЗАСТАНУВА ЗАД ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОХРИДСКОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари од општинскиот буџет за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција истакна дека е неизмерно среќен поради тоа што во многу кусо време е поведена иницијативата и донесено е решение за проблемот, околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација за Охрид и Република Македонија. – Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас се исправија големи препреки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, опстоил и во можеби многу потешки времиња од сегашните, во него животен труд вложиле плејада охриѓани, успеавме да ги надминеме препреките, рече градоначалникот Пецаков. Според него Охридскиот пливачки маратон е традиција, а токму традициите се работите кои ги одржуваат луѓето во тешки мигови. Тој упати благодарност до сите поединци и компании кои ја понудиле својата помош и потенцираше дека сите оние кои на било каков начин ќе бидат вклучени во годинешната организација, ќе бидат јавно соопштени. – Најголемата среќа за мене е тоа што во текот на вчерашниот ден буквално телефонот не престана да ѕвони и многу охриѓани и успешни бизнисмени па дури и бизнисмени од други градови, се понудија да помогнат околу организацијата на маратонот. Оваа желба и порив која се роди кај самите охриѓани кои се вљубеници во пливањето и секако во пливачкиот маратон ни дава за право да кажеме дека оваа манифестација нема да згасне и дека иднината на маратонот ќе биде светла, рече Пецаков, искажувајќи надеж дека популарноста на маратонот ќе биде зголемена како резултат на актуелните случувања. Градоначалникот најави дека во текот на наредните денови ќе биде формиран организационен одбор кој ќе се погрижи за сите технички и логистички подготовки, за оваа манифестација да биде организирана по сите предвидени стандарди. Тој најави дека Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид и од наредната година ќе застанат зад организацијата на маратонот со иста, па дури и со поголема поддршка. Претседателот на Агенцијата на млади и спорт Наумче Мојсоски објасни дека агенцијата ќе го обезбеди наградниот фонд за маратонот во износ од 10.000 евра. Тој најави дека поради потребното време за целокупната организација на маратонот и намерата истиот да не се поклопи со слични пливачки настани во други земји, овогодинешниот пливачки настан во Охрид, најверојатно ќе се одржи во текот на првата половина на месец септември, а како можни датуми беа посочени 10-ти или 11-ти септември. Мојсоски упати апел до сите љубители на спортот и до граѓаните да се вклучат во поддршката на маратонот, да бидат дел од публиката и да ја вратат масовноста на настанот.
СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Илинденскиот пливачки маратон по 43ти пат ќе се одржи на 02 август. Маратонот ќе се одвива на патеката од Горица до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. Покровител на Илинденскиот пливачки маратон е Општина Охрид. – Илинденскиот пливачки маратон е настан кој Локалната самоуправа го подржува долги години, а тоа ќе го правиме и во иднина. Покрај тоа даваме поддршка и на други манифестации кои се поврзани со пливањето. Се надевам дека во иднина оваа поддршка ќе се зголеми, особено откако ќе го добиеме покриениот базен. Сето тоа очекуваме да резултира со градење на спортски личности кои што понатака ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Охрид како туристички град, како град кој што има езеро, треба да вложува во овој спорт, затоа што минатото ни покажува дека големи имиња излегоа во овој спорт и се надевам дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и со соодветно вложува од страна на Локалната самоуправа и приватниот сектор ќе добиеме повторно големи имиња во пливањето и кои ќе постигнат врвни резултати, истакна градоначалникот Кирил Пецаков. Почетокот на трката е закажан за во 10 часот во категоријата мажи и 10:30 часот во категоријата жени. Катерина Стојаноска во име на организаторот на маратонот „Охридски бранови 2008“ истакна дека вкупно пријавени се 44, од кои 29 мажи и 15 жени. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани 10 судии, додека за безбедноста на пливачите и екипите ќе се грижи Црвен крст од Охрид.
