Ohrid.gov.mk

ОХРИД ДОМАЌИН НА ПРВОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ТАЕКВОНДО ИТФ

Денеска во Охрид се одржа првото државно првенство Такевондо ИТФ во организација на   охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“, а под  покровителство  на Општина Охрид. Во натпреварувачкиот дел од настанот учествуваа 63 натпреварувачи од 5 клубови од Македонија: „Мастер“ од Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ од с. Лескоец, ИТФ клубот “Чонџи“ од Косел, ИТФ клубот „Сонкал“ од Мислешево – Струга  и „Ахилиус“ од Скопје.   При официјалното отворање на првенството пред присутните се обрати заменик градонaчалникот, Перчо Божиноски: – Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на верната публика и на сите нас. Токму затоа ми е особено драго што денеска за прв пат, со финансиска поддршка на Локалната самоуправа се организира еден ваков  голем спортски настан.  Денес со овој настан  испраќаме порака за  афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за  негов развој.Со својот незапирлив спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси.Живееме  во време со  многу предизвици. Живееме во хиперповрзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности.  Сето  ова стресно влијае на сите нас, и токму затоа сметам дека вакви спортски случувања  ни се повеќе од неопходни. „Актерите“ во спортот  ја јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат.Општина Охрид дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски приказни, така ќе биде и во иднина- рече Перчо Божиноски.  На настанот присуствуваа и претставници од Агенцијата за млади и спорт.        

СПОРТСКИ ДЕН ВО ВЕЛГОШТИ

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров, денес во Велгошти во организација на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, се организира „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Во името на локалната самоуправа, пред пристутните се обрати советникот Наум Јамандиев. – Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот. Натпреварите ќе се одиграат во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, баскет за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг понг за ученици од шесто до девето одделение. Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.            

„СПОРТСКИ ДЕН“ ВО ВЕЛГОШТИ ПО ПОВОД 142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ТОДОР АЛАКСАНДРОВ

ООУ„Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт, Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров. Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер. Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини: -Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи); -Баскет за ученици од осмо и девето одделение (3+1,  машки и женски); -Шах за ученици од прво до девето одделение ( 2 машки, 2 женски); -Пинг понг за ученици од шесто до девето одделение (2 машки, 2 женски).   Натпреварите се бодуваат во рамките на училишните спортски лиги при Сојуз на училишен спорт Охрид. Предвидени се следните награди:   -Фудбал: Пехар за освоено 1-во, 2-ро, 3-то место; -Баскет: 3 пехари во машка и 3 пехари за женска конкуренција; -Шах: 3 медели во машка и 3 медали во женска конкуренција; -Пинг понг: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција.          

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2023 година“. – По втор пат за една година под покровителство на локалната самоуправа се собираме денес, за да оддаме признание на најуспешните спортисти во Охрид во изминатата година.Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост и на верната публика и се разбира на сите нас. Со тоа што ги вреднуваме вашите успеси, ние како локална самоуправа сакаме да ја потврдиме нашата цврста определба во создавањето на уште подобри услови за развој на сите спортски дисциплини во иднина. За тековната 2023 година во општинскиот буџет се 35.940.000,00 денари, за поддршка на спортистите, спортските клубови и спортските манифестации. Почитувани спортисти, вие сте најавтентичните амбасадори на Охрид и затоа упатувам најискрени честитки до вас и вашите клубови и тренери, до вашите семејствата кои ја даваат својата несебична поддршка, која е можеби најзначајниот дел од една спортската кариера. Се надевам дека оваа манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, затоа што Охрид заслужува да има врвен спорт и да остави силен печат во спортската историја. Уште еднаш, од се срце им честитам на добитниците на наградите и ве повикувам да продолжите со уште поголема посветеност во зацртаните спортски цели, истакна градоначалникот Кирил Пецаков. За охридска спортска надеж (мажи) е прогласен Давид Крстески , а во женска категорија Христијана Парулеска 2.Охридска спортска надеж (жени) и двајцата од  Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид . За спортист/ка странец кој настапува во екипа од Охрид  беше прогласен Владимир Бојаниќ  од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид. Спортист/ка од Охрид која настапува надвор од територијата на Охрид избран е Михаил Иваноски од Ракометен Клуб „Алкалоид“ – Скопје. За тренер на годината беше прогласен Марјанчо Лазаревски од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид. Спортска екипа на годината е Таеквон-до Клуб„Хва Ранг ИТФ“ Лескоец Охрид Спортска приказна на годината е Градски Кошаркарски Клуб „Охрид“ – Охрид. За Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот беше прогласена Јулијана Николиќ (веслање) наградата и се додели постхумно. За Спортист на година за 2023 година е прогласен Наум Јаковлев од Карате клуб „Фудошин“ – Охрид.            

ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО СПОРТОТ ПО ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска ги донесе решенијата за доделување на финасиски средства во областа на спортот, по претходно распишаните јавни повици: [vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ОХРИД ЗА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ И НАСТАНИ[/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД [/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, НАСТАНИ И ПРОЕКТИ И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД [/vc_message][vc_message message_box_color=”orange”]РЕШЕНИЕ ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА [/vc_message][/vc_column][/vc_row]                

СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА ПРОМОТИВНО-СПОРТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА OHRID WATER FESTIVAL

Денеска беше одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа. На состанокот присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на Одделението за спорт при Општина Охрид и останати субјекти кои се вклучени во организацијата. Беше разговарано за сите спортско-рекреативни настани кои ќе бидат дел од официјалната програма, како и за сите социјално едукативни содржини кои ќе бидат пропратен дел на фестивалот. На состанокот беше презентирано и официјалното лого на Ohrid Water Festival, со автентични детали, кои се дел од главната симболика на Охрид. Според планираното, на фестивалот ќе бидат организирани 40-тина настани кои значително ќе придонесат за промоција на водените спортови, уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град. Манифестацијата има за цел да го подигне нивото на промоција на Охрид како атрактивна дестинација за алтернативен туризам, да ја збогати туристичката понуда за гостите и да го зголеми бројот на туристички посети. На состанокот, беше заклучено дека преку заедничка и посветена работа ќе се овозможи организирање на мaнифестација за паметење, која ќе биде гордост за охриѓани и манифестација која ќе може да прерасне во традиција, која ќе биде препознатлива за Охрид. Со сите информации поврзани со организацијата на фестивалот, јавноста ќе биде информирана во текот на наредниот период, преку официјална презентација на фестивалската програма.        

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2022 ГОДИНА

Врз основа на член 3 од Правилникот за критериумите, условите  и постапката за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“, градоначалникот на Општина Охрид, распишува:  [vc_row][vc_column][vc_message]КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ВО ИЗБОРОТ НА НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ОХРИД, ЗА 2022 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row]              

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид . Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2023 заклучно со 31.12.2023 година. [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ПРИМЕР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]            [/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ – ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2023 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа  и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот.   [vc_row][vc_column][vc_message]ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ – ОПШТИНА ОХРИД[/vc_message][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_message message_box_color=”orange”]ПРИМЕР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ[/vc_message][/vc_column][/vc_row]            

МЛАДИТЕ ШАХИСТИ ОД ОХРИД НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков денеска во својот кабинет  ги прими децата  кои обезбедија пласман  на државното првенство  по шах за основни и средни  училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија. На натпреварот, во категоријата  жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени  од шесто до деветто одделение ( основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ “Братство Единство“, а во истата категорија за маши трето место освои  Михаил Николовски  од  ООУ „Григор Прличев“. На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.