ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

ЈОУДГ,,Јасна Ристеска‘‘ својата дејност ја врши во пет објекти детски градинки и формирани групи во други просторни услови:

  • Објект „Централна
  • Објект „Развигорче
  • Објект „Билјана
  • Објект „Росица
  • Објект „Лихнида

Согласно интенцијата на Локалната Самоуправа на Охрид, МТСП и градинката, за поголем опфат на децата од предучилишна возраст во предучилишниот организиран згрижувачки и воспитно – образовен процес, особено на децата од руралните средини, а согласно Законот за заштита на децата отворени се групи во други просторни услови во основни училишта и тоа:

ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец, во Октомври 2013 година, хетерогена група на деца од 2 6 годишна возраст;

ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти, Октомври 2013 година, хетерогена група на деца од 2 6 годишна возраст;

ОУ „Кочо Рацин“ населба Радојца Новичиќ, во Јануари 2015 година, хетреогена група на деца од 2 6 годишна возраст.

ОУ „Наум Охридски“ с. Пештани, во февруари 2016 година, хетреогена група на деца од 2 6 годишна возраст.

Работното време на ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид е од 5.30ч. – 18.00ч.

Администрацијата работи од 8.00ч. до 16.00ч.

Има неколку програми по кои се згрижуваат децата и тоа:

  • програма за целодневен престој (со 3 оброци)
  • програма за полудневен престој (со 1 оброк)
  • програма за деца со продолжен престој (за деца од 7 – 10 год. возраст)

Во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид се реализира воспитно-образовната програма „Чекор по чекор“.

Концепти во воспитно-образовната програма:

  • Учење низ играe
  • Стимулативна средина
  • Индивидуализација
  • Соработка со семејствата
  • Стручно усовршување на воспитно образовните тимови
  • Јавна и културна дејност

Сé што треба да знам за тоа како да се ЖИВЕЕ, што да се ПРАВИ, и како да се БИДЕ, научив во ГРАДИНКА!

Мудроста не ме чекаше на врвот на планините, на крајот на долгиот пат на школувањето, туку се криеше во песочникот на детското игралиште. Еве што научив таму:

  • Дели со другите
  • Играј чесно
  • Не ги тепај луѓето
  • Секоја играчка врати ја таму од каде што си ја земал
  • Не земај што не е твое
  • Кога некого ќе повредиш, извини се!
Роберт Фулгам

Централна“ располага со 4 пространи занимални, модерно опремена кујна, сала за слободни активности.

Тука се згрижени деца во 4 воспитни групи според возраст и тоа:

  • од 2-3 год. во прва група;
  • од 3-4 год. во втора мала група;
  • од 4-5 год. во средна група;
  • од 5-7 год. во голема група.

Со секоја воспитна група работи воспитно-згрижувачки тим (воспитувач и неговател).
Во овај објект сместена е и групата на деца од прво до четврто одделение – група на деца со продолжен престој. Со оваа група работат професор по одделенска настава и одделенски наставник.

Целокупната администрација на ЈOУДГ “Јасна Ристеска” се наоѓа во овoј објект.

 

Адреса: “Димитар Влахов” бр. 63 Охрид

Телефон: +389 46 231 465

E-mail: jasna.risteska@yahoo.com

Web:

Развигорче“ се наоѓа во индустрискиот дел од градот во непосредна близина на фабриката „Отекс“ од кадешто меѓу народот е позната како„Отекс“.

Објектот располага со пространи занимални, трпезарија и сала за слободни активности. Децата се згрижуваат и воспитуваат во четири воспитни групи распоредени според возраст и тоа:

  • од 2-3 год. во прва мала група;
  • од 3-4 год. во втора мала група;
  • од 4-5 год. во средна група;
  • од 5-7 год во голема група

Со секоја воспитна група работи воспитно-згрижувачки тим (воспитувач и неговател).
Тука има и група за деца со посебни потреби со кои работат воспитувачи и неговател кои поседуваат сертификат за работа со ваква група на деца.

 

Адреса: „Васил Главинов“ бр. 12  6000 Охрид

Телефон: +389 46 265 423

E-mail:

Web:

Објектот „Билјана“ е сместен во непосредна близина на Историскиот архив.

Располага со 6 занимални во кои се згрижуваат и воспитуваат деца од предучилишна возраст и тоа:

  1. Јаслена возраст
  • од 9-16 месеци во една група;
  • од 17-24 месеци во друга група.

Со секоја група од јаслена возраст работи тим од две мед. сестри.

Градинска возраст:

  • од 2-3 год. во прва мала група;
  • од 3-4 год. во втора мала група;
  • од 4-5 год. во средна група;
  • од 5-7 год. во голема група.

Со секоја воспитна група работи воспитно – згрижувачки тим (воспитувач и неговател).

 

Адреса: „Туристичка“  бб  6000 Охрид

Телефон:  +389 46 260 785

E-mail:

Web:

Росица“ се наоѓа во населбата Лескајца.

Децата се згрижени од јаслена возраст до поаѓање на училиште и тоа: во две групи од јаслена возраст

  • од 9-16 месеци во една група;
  • од 17-24 месеци во друга група.

Со секоја група од јаслена возраст работи тим од две мед. сестри и три воспитни групи:

  • од 2-3 год. во прва мала група;
  • од 3-5 год. комбинирана група;
  • од 5-7 год. во голема група;
  • од 2-7 год. комбинирана група на деца кадешто активностите се одвиваат на албански јазик;
  • од 2-7 год. комбинирана група на деца кадешто активностите се одвиваат на турски јазик.

Со секоја воспитна група работи воспитно-згрижувачки тим (воспитувач и неговател).

 

Адреса: „Пере Тошев“  бр.1  6000 Охрид

Телефон: +389 46 272 740

E-mail:

Web:

Во објектот „Лихнида“ има пет воспитни групи распределени според возраст и тоа:

  • од 2-3 год. во прва мала група;
  • од 3-4 год. во втора мала група;
  • од 4-5 год. во средна група;
  • од 5-7 год. во голема група;
  • од 2-7 год. во комбинирана група и две јаслени групи во кои се згрижени деца на возраст:
  • од 9-16 месеци во една група
  • од 17-24 месеци во друга група.

Со секоја воспитна група работи воспитно-згрижувачки тим (воспитувач и неговател), додека пак со групите од јаслена возраст работат по две мед. сестри во група.
Овој објект располага и со стоматолошка ординација.

 

Адреса: „Билјанини извори„  бб  6000 Охрид

Телефон: +389 46 265 245

E-mail:

Web:

Големина на фонт