ОПШТИНА ОХРИД

Општина Охрид  е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа непосредно и преку претставници во органите на Општината. Општината е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Севарна Македонија.

Со Статутот на Општината Охрид во согласност со законoт, се уредуваат:

  • надлежностите на Општината;
  • организацијата и работата на органите на Општината;
  • организацијата и работењето на комисиите на Советот на општината;
  • вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност;
  • начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер;
  • случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на општината;
  • начинот и постапката за доставување претставки и предлози за
  • работата на органите на Општината и постапување по нив;
  • начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;
  • начинот на објавувањето на прописите на Советот;
  • начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба;
  • месната самоуправа;
  • начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината;
  • други прашања од значење за Општината.
Св.Климент Охридски

Празникот на Општина Охрид е: Св.Климент Охридски – патронот на Охрид кој се одбележува на 8-ми Декември

 

Охрид, со своите природни, културни, духовни и историски посебности е најразвиениот туристички и културен центар, не само во Република Северна Македонија, туку на Балканот и пошироко во Европа и Светот. Овие вредности ги препознал и светот, па затоа Охрид и Охридското Езеро, како ретко културно и природно наследство  се на листата на УНЕСКО. Вистински раритет е тврдењето на светската научна јавност дека во Охрид  7000 години има континуиран живот,  а остатоците на цивилизациите се забележливи во над 250 досега откриени археолошки локалитети.

Добредојдовте во Охрид, градот на светлината, трезор на богато културно историско наследство во кој сите цивилизации, оставале свои траги. Добредојдовте во магичното место каде на чудесен начин се спојуваат културното и природното наследство и нашата гостопримливост, град кој многу светски трагачи по убавини го нарекуваат македонскиот дел од рајот.

Работно време: 

  • Од понеделник до петок
    08:00 – 16:00 ч.

Ул: “Димитар Влахов” 57
6000 Охрид, Република Северна Македонија
П.фах 125

Teлефони: 

  • +389 46 262 492
    +389 46 262 493

Е-mail адреса:

odnosisojavnost@ohrid.gov.mk

Web локација:

www.ohrid.gov.mk

Грб на општина Охрид

 

ОСНОВНИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ

 

Нашите податоци говорат дека според резултатите од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2002г., бројот на вкупното население во општина Охрид изнесува 55.749 жители, од кои според националната припадност 85% се изјасниле како Mакедонци, а останатиот дел го сочинуваат Aлбанци, Tурци, Срби, Власи, Роми и други, кои живеат во 16.012 домаќинства и поседуваат 28.437 станови.

Охрид располага со 180 угостителски објекти и 60 капацитети за сместување.

Од источната страна на градот се издигнува Националниот Парк – Галичица, со својот највисок врв Магаро 2.582м.

Бисерот на Охрид – Охридското Езеро е со површина од 358км², од кои 118,9км² припаѓаат на Албанија, со надморска висина од 695м и со најголема длабочина од 286м.

 

Површина:

копнен дел 203км²
жители  256 на км²

Број на населени места :

14 населби (не се вклучени 5 приградски населби)
5 села со помалку од 300 жители
6 села со средна големина
4 населби со повеќе од 800 жители

Местоположба:

југозападен дел на Република Северна Македонија, лоциран на североисточниот брег на Охридското Езеро, чија 1/3 припаѓа на Р.Албанија;

Надморска височина: 695м – 800м

Охридско Езеро:

старост 4 – 10 мил. години
макс.длабочина 286м
средна длабочина 151м
површина на езерото 358км²
надморска висина 695м
должина 31км
ширина 15км
проѕирност на водата 22м
летна макс. тем. на водата 24 – 25°С

Клима:

МИКРО КЛИМА: модифицирана средоземноморска – умерено континентална
(поради високите планини – 2000м и надморската височина 695м има и планинска клима)
110 км од Јадранско Море
просечна годишна температура 11°С
просечна зимска температура 2.7°С
просечна летна температура 19.6°С
инсолација 2300ч. годишно