КУЛТУРА

Адреса:  ул. „Никола Карев“ бр. 6, 6000 Охрид
Tелефон:  (++389 046 252 104)
Работно време:  8:30-16:30 часот

 

Архивот во Охрид е формиран во 1951, а по 1990 година се трансформира во Подрачно одделение во рамките на Државниот архив на Република Македонија. Со својата дејност ги покрива општините: Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Другово, Осломеј, Вранештица, Зајас, Дебар и Центар Жупа. Новата наменска зграда е изградена во 1979 година.

Одделението работи со 385 иматели на архивски материјал.

Одделението располага со 598 фонда и 17 збирки. Најголемиот дел од архивскиот материјал е од периодот по Втората светска војна, а останатиот дел во најголема мера се однесува на архивски фондови и поединечни документи од XIX и првата половина на XX век. Архивските фондови и збирки содржат многу важни податоци за политичката, културната и стопанската историја на подрачјето на наведените општини.

Многу се значајни и вредни Збирката црковно-словенски ракописни книги од XIV до XX век и Збирката ориентални ракописни и печатени книги.

Во ова Одделение најзначајни се фондовите за:

  •  Општинските управи (1918-1941 и 1941-1944);
  •  Народноослободителните одбори (1944-1945) и одборите на општините (1945-1990);
  •  Бановинска хидробиолошка станица (1934-1941), Рибоводна станица (1941-1944), Хидробиолошка станица (1944-) сите со седиште во Охрид;
  •  Гимназиите и основните училишта од 1913-1945;
  •  Општествено-политички организации, друштва и здруженија;
  •  Верски фондови на Источно-православната црква и Исламската верска заедница.

Од семејните фондови се издвојуваат фондовите на трговските фамилии Групчеви, Јованоски, Коцареви и други;

Од личните фондови како најзначајни можат да се издвојат: Бојаџиски Борис, писател – Охрид, Прличев Григор, поет – Охрид, Масин Фоти, свештеник – Охрид и др.

Одделението располага со читална со 6 места, опремена со еден апарат за копирање на архивски материјал. Архивскиот материјал може да се користи од 9 до 15 часот секој работен ден.

Големина на фонт