ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КУЛТУРА

Одделение за култура ги врши работите што се однесуваат на:

  • соработка со јавните институции, здруженија и други непрофитни организации кои се однесуваат на реализација на различни културни програми, како и врши анализа на ефективноста на спроведените програми и проекти на овие културни ентитети;
  • следење на извршувањето на буџетот, како и на ефектите и оправданоста на индивидуални програми во областа на музиката, театарот, музејската и галериска активност, фолклорот и филмската индустрија, Одделението работи на издавање на препораки и одобренија потребни за извршување на одредени културни програми;
  • реновирање на „Календар на настани во Општина Охрид“ на нивните веб-сајтови кои нудат детални информации за видот, времето, местото и организаторите на културни настани во Охрид, кој се ажурира на дневна основа;
  • подготвување програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за Општина Охрид;
  • подготвување програма за негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности;
  • подготвување програма за организирање културни манифестации;
  • подготвување програма за поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
  • подготвување програма за одбележување на настани и личности од значење за Општина Охрид со спомен обележја;
  • подготвување на одлуката за подигање, чување, заштита и користење на спомен обележја и другите прописи од надлежност на Советот на Општина Охрид;
  • водење на регистарот на спомен обележја и доставува извод од регистарот при секој упис или промена до надлежното министерство;
  • иницирање и спроведување на постапката за основање локален музеј и библиотека;
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Контакт: Весна Јованоска

Телефон: (046) 262492 / (046) 262493  лок. 199

E-mail: kultura@ohrid.gov.mk

Големина на фонт