ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНАТА

Територијалната противпожарна единица на Општината ги врши следните работи:

  • гаснење на пожари на подрачјето на Општината;
  • отстранување на непосредна опасност за настанување на пожар;
  • спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
  • укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
  • извршување на други работи при несреќи и непогоди;
  • врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;
  • заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на РМ заради оперативно делување при гаснење на големи пожари на целата територија на Република Македонија во координација со Дирекцијата за заштита и спасување ;
  • давање помош кога тоа е побарано при гаснење на пожари во други држави во координација со Дирекцијата за заштита и спасување;
  • водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствената методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување;
  • периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица согласно законот и подзаконските акти;
  • тековна поправка и одржување на техниката и опремата;
  • давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
  • врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
  • -едукација на граѓаните за заштита од пожари преку организирање на предавања, преку медиуми и организирање на други активности;
  • врши и други работи што ќе и бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Големина на фонт