ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕСТ
- април 3, 2021
- 0
Градоначалникот Константин Георгиески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед.
– Најискрено Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, еден од најважните и најзначајните денови во историјата на човештвото. Ви посакувам на овој голем ден, денот на Христовото Воскресение, да го прославите во голема радост кон животот и љубовта, во добро расположение, здравје, среќа и семејна хармонија. Во миговите на чествување на најсветите традиционални и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности.
Во ова тешко време кога се соочуваме со бројни нови искушенија, потребна е верба и сплотеност за надминување на истите. Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден, нека ни донесе повеќе верба, здравје, среќа и радост и нека ни дава сила за справување со искушенијата.