ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ОБИКОЛКА НА ДЕЛ ОД ТЕКОВНИТЕ И ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ
- февруари 17, 2022
- 0
- Категорија:
Градоначалникот, Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на дел од тековните и завршени градежни активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид.
Во Стариот дел на градот се врши фугирање на потпорните ѕидови. Со овој зафат се превенира од оштетување и рушење на потпорните ѕидови, а со тоа се продолжува нивниот век на траење. Дополнително во зависност од потребите ќе се изврши и целосна санација на растурени или оштетени ѕидови. Активностите ги изведува фирмата „Бокоп“, а вкупната вредност на договорите е 750 000 денари.
Градоначалникот заедно со директорот на ЈП „Нискоградба“ ги посетија улиците „Будва“ и „Винковачка“ каде претпријатието вршеше поставување на нова фекална канализација. Поставувањето се одвиваше во две фази, во првата фаза се поставија цевки Ф 300 mm во должина од 225 m и Ф200 mm во должина од 135 m со вкупна вредност од 1,977,516.00 денари и во втората фаза се поставија цевки Ф 200 мм во должина од 70 m со вкупна вредност од 489,903.00 денари.
Вкупната вредност на зафатот изнесува 2,467,419.00 денари