ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРОГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА ОПОЖАРЕНИОТ ОБЈЕКТ НА УЛИЦА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“
- август 18, 2021
- 0
- Категорија:
Градоначалникот Константин Георгиески утрово заедно со дел од пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид направи увид на опожарениот објект на седвичарата „Вили“ на улицата „Димитар Влахов“, каде што вчера доцна попладне избувна голем пожар.
Благодарение на високата професионалност и исклучително брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот беше веднаш локализиран и изгаснат. Интервенирано е со една противпожарна екипа и еден противпожарен камион, при што е спречено неговото понатамошно ширење, кое можело да предизвика катастрофални последици. Во близина на опожарената локација се наоѓа Детска градинка, станбени и деловни објекти.
Како последица на пожарот причинета е значителна материјална штета само на опожарениот објект, но за среќа нема повредени лица. Во моментот сеуште тече истрагата за утврдување на причините за пожарот.