ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ НОВАТА ГОДИНА ЈА ДОЧЕКА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД
- јануари 1, 2022
- 0
- Категорија:
Во прекрасна атмосфера и расположение, градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со охриѓани и гостите Новата 2022 година ја дочека на Градскиот плоштад.
– Мои охриѓани и драги гости, кои вечерва Новата година ја прославувате тука со нас Ви посакувам 2022 година да Ви биде исполнета со здравје пред се за Вас и Вашите најблиски, личен успех и благосостојба. Среќата нека Ви биде составен дел од секоја минута. Бидете здрави, весели и насмеани! Среќна Нова 2022 година! – рече градоначалникот Кири Пецаков.
За забавата на Градскиот плоштад се погрижија бројни охридски естрадни уметници.
Од Градскиот плоштад, градоначалникот, замина во посета на дежурните служби кои се грижеа за безбедноста и здравјето на граѓаните и гостите во празничната ноќ. Тој ги посети СВР Охрид, Територијалната против пожарна единица и Брза помош Охрид. Градоначалникот им ја честиташе Новата година со желби за здравје, успех и благосостојба, и им посака да имаат мирна ноќ без проблеми.