ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ЈА ПОСЕТИ ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА
- декември 10, 2021
- 0
- Категорија:
Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба.
Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото на безбедност на планинарите во Охридскиот регион.
Исто така, беше разговарано и за можностите за поддршка на службата како и за соработка во насока на промоција на Охрид како безбедна дестинација за развој на планинарски туризам и промоција на планинарските спортови.
Во моментов, во Планинската спасителна служба волонтираат петнаесетина спасители обучени да делуваат на комплексен технички терен, како и повеќе од 30 волонтери, искусни планинари, обучени за логистика, пребарување и спасување на нетехнички планински терен.