ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
- февруари 29, 2024
- 0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно и по утврдена динамика. Во моментов ЈП „Нискоградба“ работи на изградба на атмосферската канализација во должина од 1200 метри. Веќе е завршен приклучокот на новата атмосферска мрежа по кракот на улица „Сатеска“ во населба Далјан.
Екипите на изведувачот АД „Илинден“ вршат партерно уредување и замена на бехатон елементите и рабниците по должината на улицата во населбите Далјан и Воска, а кабелските оператори ЕВН и Телеком работат на спуштање на својата мрежа под земја.
Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување.