ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „15-ТИ КОРПУС“
- февруари 25, 2020
- 0
Во тек се интезивни градежни активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица.
Се работи за канализациона мрежа со вкупна должина од 610 метри и тоа со дијаметар Ф400 со должина од 220 метри и со дијаметар Ф315 со должина од 390 метри. Според планираното, предвидено е да бидат поставени 21 ревизиона шахта и 37 сливници. Активностите на терен ги изведуваат екипи на ЈП „Нискоградба“ и истите се очекува да завршат за околу две седмици.
По поставување на атмосферската канализација ќе започнат и активностите за целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа ќе биде задолжена за изградба и уредување на пешачките и велосипедските патеки, а ЈП „Државни патишта“ ќе биде задолжено за реконструкција на коловозот и поставување на нов асфалт.
Во моментов се подготвува тендерската постапка за изведување на втората фаза од атмосферската канализација на оваа улица, во потегот од реката Сушица до селото Лескоец, за која исто така се предвидени средства од буџетот на општина Охрид.