НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ДАМЕ ГРУЕВ
- октомври 3, 2022
- 0
Денеска започнаа градежните активности за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино. Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.
Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.