ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Одделението за образование ги врши работите што се однесуваат на:

 

  • изготвување анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во основното и средното образование во Општината;
  • подготвување предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на основните и средни училишта и на ученичките домови;
  • прибирање податоци и правење анализи на предлозите на уличиштата за запишување ученици во основно и средно образование;
  • подготвување предлог за запишување ученици во основните и средните училишта и за запишување и прием на ученици во ученичките домови;
  • изготвување извештаи за реализација на уписната политика;
  • подготвување предлог за формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта.
  • устројување евиденција за опфатот на децата во основното и средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите;
  • следење на состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на основното и средното образование;
  • подготвување предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредните состојби;
  • покренување иницијативи за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојните основни и средни училишта за задоволување на посебните потреби на Општината во согласност со потребите на пазарот на трудот;
  • иницирање активности за воннаставни активности во основните и средните училишта;
  • водење регистар на основните и средните училишта и на ученичките домови на подрачјето на општината;
  • давање стручно мислење по предлозите за основање основни и средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
  • подготвување предлог за покренување постапка за престанување со работа на основни и средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
  • предлагање мерки и активности за подршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови;
  • преземање активности поврзани до доквалификација и преквалификација на возрасни лица;
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Контакт: Димитар Спасески

Телефон: (046) 262492 / (046) 262493  лок. 199

E-mail: obrazovanie@ohrid.gov.mk

Големина на фонт