Со осветлување на општинската зграда во црвено, општина Охрид вечерва  се вклучи во одбележувањето на 17-ти април, Светскиот ден на хемофилија. Со „Light it up Red”  настанот организиран од здружението  „Хемолог“  се настојува да се  крене јавната свест и во нашава земја за хемофилијата и   коагулопатиите.

По повод одбележувањето  на 17-ти април вечерва во црвено светат и други објекти во државава меѓу кои:   Арехеолошкиот музеј на Македонија, фонтаната Воин на коњ, неколку спомен обележја во Прилеп и зградата на АЕК .

Во Светот повеќе од 70 значајни објекти, спомен обележја и зданија се осветлени во црвено  меѓу кои, водопадите на Нијагара, мостот на Сан Франциско, Трафалгер плоштадот во Лондон  и многу други.