ПОСЛЕДНА СЕСИЈА НА ПРОЕКТОТ “ОДРЖЛИВ И ИНКЛУЗИВЕН РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ”
- септември 28, 2020
- 0
Денес се одржа последната форумска сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, што преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се реализира со помош на Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Во името на Советот на градоначалниците пред пристуните се обрати градоначалникот Константин Георгиески, при што изрази благодарност до Швајцарската агенција, министерството и Центарот за развој на југозападниот регион за успешното релизирање на предвидената програма.
– Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од есенцијално значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, работата на Центарот за развој на југозападниот регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка е од исклучително значење за локалните самоуправи.
Како што знаете Општина Охрид активно е вклучена во овој процес и реализираше проект за уредување на пешачка патека, во стариот и најатрактивен туристички дел од градот. Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри, а целиот проект чинеше 3 милиони денари за Охрид. Овој проект значајно придонесува кон подобрување на туристичката понуда на Охрид.
Очекуваме во наредната година да го реализираме и проектот за “Реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“. Со овој проект значајно ќе придонесеме кон подобрување на социјална инклузија за пристап до здравствени услуги во целиот Југозападен плански регион – истакна во своето излагање градоначалникот Георгиески.