РАБОТНИ ТЕЛА  – КОМИСИИ

За разгледување прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Составот на комисиите е во пропорционален сооднос на застапеност на политичките партии во Советот.

Комисиите на Советот на општината:

  • расправаат за прашања од областа за која се формирани;
  • даваат мислење и предлози до Советот;
  • ги разгледуваат предлозите на градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.

Постојани комисии на општината се:

  • Статутарно-правна комисија;
  • Комисија за верификација, избори и именување;
  • Комисија за финансии и буџет;
  • Комисија за јавни и комунални дејности;
  • Комисија за урбанизам;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за туризам и локален економски развој;
  • Комисија за заштита на животната средина;
  • Комисија за месна самоуправа;
  • Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија;
  • Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените и
  • Комисија за млади и спорт.

Комисиите се составени од по 5 членови.

Статутарно правната комисија го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измени на Статутот и ја следи примената на Статутот и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер. Статутарно-правната комисија го утврдува предлогот на Деловникот на Советот, подготвува мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината, разгледува и други општи акти во надлежност на Советот на општината.

Комисијата за верификација, избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетни прашања и разгледува и подготвува предлози за избор, именување и разрешување во надлежност на Општината.

Комисијата за финансии и буџет ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината, буџетот и завршната сметка на буџетот на Општината.

Комисијата за јавни и комунални дејности ги разгледува прашањата од работата на јавните служби (јавните установи и јавните претпријатија) на Општината.

Комисијата за урбанизам ги разгледува генералниот и деталните урбанистички планови и друга урбанистичка документација

Комисијата за општествени дејности разгледува прашања од развојот на мрежата на установи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното образование како и прашања од други области од значење и интерес на граѓаните.

Комисијата за туризам и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со развојот на туризмот и угостителството и унапредување на туристичката пропаганда.

Комисијата за заштита на животната средина ги разгледува прашањата за заштита и унапредување на животната средина

Комисијата за месна самоуправа го разгледува функционирањето на облиците на месна самоуправа и нивните органи, програмите за работа и други прашања сврзани со работата на облиците на месната самоуправа.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија донесува Програма за одбележување празници и манифестации и доделува награди и признанија.

Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените  ги разгледува прашањата од родовата рамноправност со цел да развие и воспостави полотика за родова еднаквост насочена кон оспособување на жените и мажите да учествуваат под еднакво ниво на социјалната, политичката и економслата сфера.

Комисијата за млади и спорт разгледува прашања, за развојот и рекреативните активности на младите и за културни активности.

СТАТУТАРНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

Антонио Наумоски – претседател

Кире Пердулоски – заменик претседател

Живка  Ангелоска – член

Нефи Усеини – член

Димитар Велјаноски – член

КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА, ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊЕ

Наум Јамандиев – претседател

Милена Грозданоска – заменик претседател

Бесник Османи – член

Димитар Велјаноски – член

Виолета Аврамоска – член

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ

Благородна Чулческа – претседател

Ванчо Костоски – заменик претседател

Бојан Михајловски – член

Димитар Велјаноски – член

Виолета Аврамоска – член

КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ И КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

Ана Крстеска – претседател

Живка Ангелоска – заменик претседател

Деса Косаркоска – член

Димитар Велјаноски – член

Александра Настоска Николоска – член

КОМИСИЈА ЗА УРБАНИЗАМ

Ванчо Костоски – претседател

Горан Маркоски – заменик претседател

Арбен Демироски – член

Виолета Аврамоска – член

Перчо Божиновски – член

КОМИСИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ДЕЈНОСТИ

Билјана Тодева  Стојаноска – претседател

Деса Косаркоска – заменик претседател

Ванчо Костоски – член

Горан Маркоски – член

Благородна Чулчески – член

КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Деса Косаркоска – претседател

Горан Стојаноски – заменик претседател

Науме Јованоски – член

Благородна Чулческа – член

Ана Крстеска – член

КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Кире Пердулоски  – претседател

Науме Јованоски – заменик претседател

Милена Грозданоска – член

Ванчо Костоски – член

Нефи Усеини – член

КОМИСИЈА ЗА МЕСНА САМОУПРАВА

Арбен Демироски – претседател

Горан Маркоски – заменик претседател

Стојан Митрески  – член

Кире Пердулоски  – член

Антонио Наумоски – член

КОМИСИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИИ И ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Перчо  Божиновски – претседател

Бојан Михајловски – заменик претседател

Арбен Демироски – член

Наум Јамандиев – член

Горан Стојаноски – член

КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

Милена Грозданоска – претседател

Александра Настоска Николоска – заменик претседател

Деса Косаркоска  – член

Живка Ангелоска – член

Бесник Османи – член

КОМИСИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

Бесник Османи – претседател

Наум Јамандиев – заменик претседател

Стојан Митрески – член

Ана Крстеска – член

Бојан Михајловски – член

Големина на фонт