СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

Секторот за финансиски прашања ги врши работите што се однесуваат на: следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално – финансиското работење, управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на Општината утврдени со буџетот, подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за Општината, подготовка на стратешкиот план на Општината , измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на Општината, контрола на подготовката и извршувањето на буџетот, спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола, изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за Општината и единките корисници на Општината,следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на Општината, сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка, подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подготвува одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09), благајничко работење, подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација , пресметувањето и исплатата на платите на вработените во Општината и врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Архива на објавени документи

ОДЛУКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ДОСПЕАНИ А НЕПЛАТЕНИ ОБВРСКИ НА ОПШТИНА ОХРИД И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ ДО 30.09 2018 ГОДИНА

Големина на фонт