СЕ АСФАЛТИРААТ КРАЦИ НА УЛИЦА „8-МИ МАРТ“
- јуни 16, 2020
- 0
- Категорија:
Денеска започнаа градежни активности за асфалтирање на краци од улицата „8-ми Март“.
Овие активности се дел од втората фаза за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година.
Во текот на наредниот период ќе се асфалтираат тесни улици и на уште неколку локации на територијата на општина Охрид.