![](https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/ZNACI_OTSTRANUVANJE_13092019-6-e1568370202307.jpg)
СЕ ОТСТРАНУВААТ СТАРИ ПАТОКАЗНИ ТАБЛИ, БИЛБОРДИ И АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ
- септември 13, 2019
- 0
Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.
Со акцијата е предвидено да се отстранат и стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.