Пред овогодинешниот прв уписен рок во средните училишта, дел од стручните училишта во Општина Охрид преку современа промоција и кампања, ги информираат идните средношколци за наставните програми и образовните профили.

Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со порака до идните средношколци да вложат во својата иднина и да изберат стручно усовршување со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

Од СОСУ „Кирил и Методиј“ упатуваат порака до идните средношколци да се одлучат за стручно образовение, преку практична настава, проекти и современа програма.

Првото пријавување ќе биде на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само во деновите 16 и 17 јуни. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.