Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 1.Мај- Меѓународниот ден на трудот.

 

– На сите граѓани нa општина Охрид и на Република Северна Македонија им го честитам 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот   со искрени желби за многу успех во животот и работата.

Овој празник не потсетува и укажува  на историската борба за работничките права и  достоинство  на човекот  кој со својата чесна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство.  Овој празник е ден на солидарноста на работниците од целиот Свет и истиот е  потсетник  дека за жал  се уште постојат луѓе кои не можат да го остварат едно од основните човечки права – правото на работа. Затоа сите заедно сплотени  и единствени  настојуваме  да изградиме  подобар град во кој секој поединец ќе има еднакви можности за достоен живот и социјална правда.

Нека ни е честит 1.Мај –Меѓународниот ден на трудот којшто е симбол на борбата за праведен, слободен и хуман Свет.