АКТИВНОСТИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РЕКАТА „КОСЕЛСКА“
- ноември 24, 2022
- 0
Екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ од денес работат на расчистување на речното корито на реката „Коселска“. Активностите се одвиваат по налог на Општина Охрид.
Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации.