ЈП „Билјанини Извори“ по преземањето на просторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, доделен на времено користење со одлука на Советот на Општина Охрид, започна со акција за расчистување и уредување на овој простор согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.

 

За таа цел, се упатува јавно известување до сопствениците на понтони кои се лоцирани во делот на каналот, да ги подигнат и дислоцираат истите. Доколку тоа не го направат во рок од 4 дена заклучно со недела 07.06 2020, ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги отстрани понтоните на трошок на сопствениците.