ВИКЕНД АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПЛАЖАТА „ЛАБИНО“
- мај 31, 2021
- 0
- Категорија:
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ заедно со жителите на стар град и членови од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „ 5 до 12“ од Охрид викендов работеа на расчистување на плажата Лабино од разновиден отпад. Во акцијата се отстрануваа трње, коров, бршлен и останати ниско стеблести растенија. Се средуваа и крошните од дрвјата.
Отпадот со чамци се транспортира до река “Грашница „ од каде се подига од службите на ЈП „Охридски Комуналец“.
Плажата „Лабино„ најмногу е посетувана од локалните жители од стариот дел на градот и во изминативе години беше една од ретките слободни плажи на охридската ривиера.
Акцијата за чистење на оваа плажа е дел од Младинското еко лето и е поддржана од невладината организација „Civika Mobilitas“.