
ВОНРЕДНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА И ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
- март 12, 2021
- 0
- Категорија:
Согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корона вирусот – Ковид 19, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со вонредна дезинфекција на охридските училишта и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Извршена е дезинфекција на сите училници, ходници , канцеларии и помошни простории во овие установи.
Овие активности се дел од оперативниот план на Локалната самоуправа, а поради зголемениот број на заболени лица на територијата на општина Охрид.