ВО ОХРИД СЕ ОРГАНИЗРИА ИЗЛОЖБА НА НЕОБЈАВЕНИ ПОРТРЕТИ НА МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ
- декември 19, 2023
- 0
Во организација на општина Охрид на 22.12.2023 година (петок) во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена изложбата Лица на револуциијата : Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата:
„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии,1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи : 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.
Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.