ВО ПЕТОК ЗАПОЧНУВА ПРОГРАМАТА „ЗА СИТЕ ДЕЦА“
- јуни 19, 2024
- 0
Со тетарската претстава ,,Цветко и неговата градина” започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња под мотото „Културата расте со децата“. Тетарската претстава ќе се одржи на сцената кај ТЦ Амам со почеток од 20:00 часот.
,,Цветко и неговата градина” е најновата хит претстава за деца која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна.
Низ призмата на оваа претстава децата со театарски јазик создаден да биде разбирлив за нивната возраст ќе дознаат низ вузуелен пример колку е важно да ја чуваме и негуваме природата, да не ги уништуваме дрвата, езерата,реките, тревата, цвеќињата, парковите и шумите, бидејќи тие се изворот на чист воздух за сите. Секоја лоша постапка кон нив може да се рефлектира на нашето здравје. Тоа што исто така сакаме да го истакнене е дека многу е важно во исхрана да внесуваме здрава храна / зеленчук, овошје и мешунки/.
Низ низа комични драмски ситуации, со многу едукативни педагошки елементи, но и со многу интеракција со децата ќе дојдеме до важната порака : ,, Чувај ја природата, јади здрава за да имаш живот без маана”.
Целото дејство се случува во куќичката на шумскиот принц Цветко кој ги чува и негува сите шуми, но има и преубава градина со зеленчук и овошје. Но, неговиот најголем проблем е тетка Лошка кои низ многу интересни и комични ситуации му создаваат проблеми со лошо однесување кон природата. Принцот Цветко заедно со другарот Тино, ама и со децата од публиката успеаваат заедно да го променат однесувањето на тетка Лошка. Благодарение на децата од публиката и шумскиот принц Цветко, тетка Лошка го менува своето однесување кон природата и заеднички почнуваат да создаваат своја градина каде ќе одгледуваат зеленчук и овошје – здрава храна.
Претставата изобулува со оргинална изработена: сценографија, костимографија, реквизити и музика.
Важен дел од претставата се интерактивните, едукативните и педагошките елементи кои во секоја сцена се застапени и со тоа претставата ја има својата оргинална и несекојдневна нитка.
Играат:
-
-
- Магдалена Ризова-Черних
- Бранко Атанасов
- Сашо Ристовски
- Ема Давчева
-
Автор и режија: Сашо Ристовски
Сценографија и костим: Диди
Продукција: Театар ХИТ Скопје