ВТОРА ФАЗА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛБА РАЧА
- мај 20, 2020
- 0
- Категорија:
Деновиве се изведуваат работни активности од втората фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.
Се работи за одводна мрежа во должина од 260 метри и соодветни приклучни шахти.
Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.300.000 денари.