Делегација на Општина Охрид денеска во село Ливоишта  положи цвеќе пред вечното почивалиште на Благојче Крстаноски, а по повод  одбележување на годишнина од неговата смрт. 

Професионалниот војник и граничар  во АРМ, Благојче Крстаноски во 1999 година беше убиен кај Горно Блаце.  Причините за неговата смрт до денес не се разјаснети.

Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Во 2017 година  во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена  за него.