Градоначалникот Константин Георгиески, денеска оствари средба со организаторите на Спортската манифестација „Охрид трчат“, која годинава по петти пат ќе се одржи во Охрид на 6-ти јуни.

На средбата се разговараше за подготовките за овогодинешното издание како и за деталите на сите предвидени настани во рамки на програмата. Исто така беше разговарано и за организацијата на традиционалната Панел дискусија,  посветена на спортскиот туризам, на која свое учество ќе има и градоначалникот Георгиески.

Организаторите на манифестацијата на градоначалникот му доделија Плакета во знак на благодарност за поддршката која Општина Охрид ја обезбедува за одржување на овој спортски настан.