ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОХРИД
- декември 14, 2019
- 0
- Категорија:
Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата за чистење на отпад и разубавување на животната средина. Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.
Акцијата за чистење се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина.