ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЌЕ ПРИРЕДИ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА
- мај 25, 2019
- 0
Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, во недела на 26-ти мај 2019 година со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Чинар” ќе приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.
Оваа манифестација во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад и има за цел да ги зајакне односите помеѓу граѓаните, да го потврди почитувањето на верските различности и да го зачува соживотот во Охрид.