ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА ЈОВАНОВИЌ
- јули 13, 2023
- 0
- Категорија:
Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.
На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.
Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.