ДВАЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 10, 2019
- 0
Советот на општина Охрид на денешната седница усвои повеќе предложени одлуки, а седницата поради немање услови за работа, беше прекината и останаа уште две точки од дневниот ред. Предложената одлука за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проектот „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“ , беше повлечена со образложение дека треба да се дополни.
Советниците ги усвоија одлуките за измени на програмите за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието, за измени на програмата за детска заштита, за измени на програмата за културни манифестации и творештво, за измени на програмата за спорт и рекреација, за измена на програмата за јавно осветлување, за измени на програмата други комунални услуги, за измени на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за измена на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за измени на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување, за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација, за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште, за измени на програмата за одржување на јавна чистота, за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2019 година, за продолжување на работното време на угостителските објекти, за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година, за разрешување и именување член во Управниот одбор на ЈП „Градски пазар“ , за разрешување и именување член во Управниот одбор на МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ Охрид, за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ , за разрешување и именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Охридски комуналец” , за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ,за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи, за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид и за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ .
На продолжението на седницата, кое дополнително ќе биде закажано, ќе се расправа за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП„Нискоградба “ и информацијата за стопанисувањето со плажите.