ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
- јуни 8, 2020
- 0
Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот.
Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.