ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР „ОХРИДСКИ БИСЕРИ”
- јуни 20, 2019
- 0
Градоначалникот Константин Георгиески вчеравечер присуствуваше на завршниот концерт од Интернационалниот музички натпревар за млади музичари „Охридски Бисери” кој по 18-ти пат се одржуваше во Охрид.
Во рамки на завршниот концерт беа доделени 12 награди на младите музичари во три возрасни категории и седум дисциплини на дувачки инструменти. Исто така, интернационалното жири составено од врвни музички педагози ги избра добитниците на највиоките признанија на натпреварувањето.
Гран При наградата му беше доделена на Стефан Неделковски во дисциплината саксофон, втората награда му припадна на Стефан Георгиев во дисциплината трумпет, а третото место го освои Јустас Дракшас во истата дисциплина. Исто така беше доделена и Специјална награда од Фондацијата „Томислав Зографски’, Награда за најдобра изведба од македонски автор и Награда за најдобри македонски изведувачи.
Градоначалникот Георгиески на добитникот на Гран При, му врачи и Специјална награда во името на Општина Охрид.
Целта на овој традиционален музички натпревар е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи да прераснат во професионални уметници.