ЕДУКАТИВНА ЕКОЛОШКА КАМПАЊА
- јуни 3, 2022
- 0
По повод 5 јуни – Светскиот ден на животната средина ЈП „Охридски Комуналец“ спроведува едукативна еколошка кампања. Кампањата започна со најмладите, бидејќи основно е децата од најмали нозе да учат и знаат како да се грижат и да ја штитат животната средина. Во централната градинка „Јасна Ристеска“ денеска се садеа садници- борчиња и цвеќиња, се пееја песни се пишуваа еко-пароли.
-Покрај примарната дејност на Јавното претпријатие Комуналец -одржување на јавна чистота на градот во нашата програма за работа имаме планирани активности за зголемување на еколошката свест кај граѓаните односно активности за заштита и унапредување на животната средина. Денеска заедно со дечињата од ЈУДГ „Јасна Ристеска“ засадуваме цвеќиња кои се од сопствено производство на Јавното претпријатие. Токму овај проект има за цел едукацијата да започне од најмладите затоа што иднината е пред нив и тие треба да се грижат и да учат за заштитата на животната средина, истакна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Најдески.
Мора сите повеќе да се грижиме за животна средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече директорката на градинката, Ирена Милеска.
-Имавме приредба, стихотворби, песнички, изработивме пароли како треба да се штити нашата животна средина. Во соработја со ЈП Комуналец-Охрид кои ни доделија садници и цвеќиња го разубавивме дворот. Ќе ги негуваме ќе се грижиме за нив и ќе уживаме во убавините на животната средина, истакна Mилеска. ЈП „Охридски Комуналец“ донираше повеќе садници за детските градинки.