Денеска надлежните од  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со  вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од  пешачката патека од Горна порта до  Лабино и Канео. Куќичките се  целосно изработени  од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.

Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп којшто е подржан од Општина Охрид.