ЗАВРШИ ПЕДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јануари 29, 2021
- 0
Советниците на денешната педесет и четврта седница на советот на општина Охрид, ги усвоија предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид, предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.
По исцрпувањето на дневниот ред, заврши педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид.