
ЗАВРШИ ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД
- мај 12, 2021
- 0
На денешната седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид делегатите го изгласаа Деловникот за работа на локалното собрание на млади на општина Охрид и согласно своите надлежности извршија избор на членови на Локалниот совет на млади на општина Охрид. За членови на локалниот совет на млади со тајно гласање беа избрани следните кандидати:
-
- Јован Цветкоски
- Теа Петковски
- Георги Ставрески
- Верица Тодоровска
- Александар Здравевски
- Емилија Несторовска
- Димитар Поп-Стефанија
Одлуката за избор ќе стане правосилна по нејзината верификација од страна на Советот на општина Охрид.