ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јануари 31, 2020
- 0
Советот на општина Охрид, на денешната седница не ја усвои предложената одлука за планот за отстранување на бесправно изградени објекти – плажи, а ги усвои предложените одлуки за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, за преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев, измени и дополнувања на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022, Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, за давање на времено користење на дел од недвижен имот од општина Охрид на ЈП „ Градски пазар“, за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид, за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште за календарската 2020 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид, за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште утврдено врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште, за пренесување на правото на користење на универзален багер – ровокопач/натоварувач марка „HIDROMEK / HMK62SS“- сопственост на општина Охрид на ЈП „ Охридски комуналец“ , за пренесување на правото на користење универзален багер – ровокопач марка „YANMAR / EXCAVATOR“ – сопственост на општина Охрид на ЈП „ Нискоградба“ , пренесување на правото на користење на товарно возило – камион марка „DFSK / C31“ – сопственост на општина Охрид на ЈП „ Нискоградба“ ,за пренесување на правото на користење на товарно возило – камион марка „DFSK / C32“ – сопственост на Општина Охрид на ЈП „ Нискоградба“ , за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниуот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ и за именување членови во Управниот Одбор на ЈП „ Водовод“.
На седницата од дневниот ред беше повлечена точката за именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „ Вододвод“, а беа прифатени дополнително предложенитеодлики за давање согласност и овластување за потпишување на договор и грант, согласно договор за финансирање SERAPIS број 2008-0446 помеѓу Република Севeрна Македонија и Европската инвестициска банка, за давање согласност за измирување и пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Охрид, за донесување на Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Охрид за купување велосипед, за давање на времено користење на надвижен имот на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и за разрешување и именување член од Управниот одбор на ЈП „ Охридски Комуналец“ Охрид.